| |

ЕК ПРЕДЛАГА ЗЕМЈИТЕ ОД ЕУ ДА КУПАТ УШТЕ 300 МИЛИОНИ ДОЗИ ОД ВАКЦИНАТА НА БИОНТЕК ФАЈЗЕР

Европската комисија им предложи на земјите-членки на ЕУ да купат дополнителни 200 милиони дози од вакцината против COVID-19, произведена од BioNTech и Pfizer, со опција за купување нови 100 милиони дози.

Ова ќе и овозможи на ЕУ да купи вкупно до 600 милиони дози од оваа вакцина, што веќе се користи низ цела ЕУ. Дополнителни дози ќе бидат испорачани во вториот квартал на 2021 година.

ЕУ обезбеди широк спектар на вакцини со различни технологии. Комисијата преговараше до 2,3 милијарди дози од најперспективните потенцијални вакцини за Европа и нејзините соседи. Покрај вакцината BioNTech-Pfizer, втората вакцина произведена од Moderna беше одобрена на 6 јануари 2021 година. Другите вакцини се очекува да бидат одобрени наскоро. Ова портфолио на вакцини ќе и овозможи на ЕУ не само да ги покрие потребите на целата популација, туку и да доставува вакцини до соседните земји.

Слични Објави