| |

СПАСОВСКИ ГО НАРЕЧЕ ПОЛИТИЧКИ ПАМФЛЕТ ПРЕДЛОГОТ НА АА И АЛТЕРНАТИВА ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВО

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го нарече политички памфлет предложениот законски текст за државјанство од страна на коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Спасовски нагласи дека од него не може да се сфати што сакаат предлагачите и додаде дека тие не нудат трајно решение.

„Тука нема кој сакал или не сакал. Ние овде не сме како држава да застапуваме лична волја, застапуваме интереси на граѓаните, оние што не плаќаат и за кои треба да работиме за да ги остваруваат нивните интереси. Тоа дали законско решение е предложено од една, втора, трета партија воопшто не не интересира, нас не интересира државниот интерес“, дециден е Спасовски.

Министерот за внатрешни работи уште еднаш повтори дека го разгледале предлогот и кога ќе го предложат законското решение со кое во голема мерка ќе се решат отворените прашања ќе ја информираат јавноста.



Слични Објави