Олимписката шампионка Екатерина Дафовска ќе се сретне со учениците од бугарското неделно училиште во Малта
Бугарското неделно училиште „Св. Св. Кирил и Методиј“ во Пембрук, Малта, денеска организира средба со олимписката шампионка во биатлон од Нагано 1998, Екатерина Дафовска, јавува БНР.
„Ќе имаме можност да се сретнеме со Екатерина Дафовска, да дознаеме повеќе за нејзиниот пат до највисокиот спортски врв – олимпиското злато, да ѝ поставиме прашања и да создадеме едно ново пријателство“, изјавија од наставничкиот тим, кои упатија покана до учениците и нивните родители да присуствуваат на настанот.

Дафовска е единствената бугарска спортистка со златен медал од Зимски олимписки игри, а во својата спортска кариера има освоено и европска титула, како и два бронзени медала од светски првенства. Во 2007 година таа ја заврши својата натпреварувачка кариера.
Бугарското неделно училиште „Св. Св. Кирил и Методиј“ во Малта е основано во 2015 година по иницијатива на бугарската заедница, а секоја сабота и недела таму учат деца со бугарски корени, потсетува БТА.
