АЛЕКСАНДАР ДАШТЕВСКИ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ПРЕДЛОГ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК

Александар Даштевски ќе биде новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Државната изборна комисија, ова денеска на прес-конференција го потврди портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

loading...

„Да, можам да потврдам дека со одлука на последниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Александар Даштевски ја доби поддршката за предлог за нов претседател на ДИК“, изјави Стоилковски.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува на 15 јануари, а во Собранието започна постапката за избор на нови членови на највисокото изборно тело во државата.



loading...