| |

САД ги повикаа Г-7 и ЕУ да воведат високи царини за Кина и Индија поради купување руска нафта

Министерството за финансии на САД ги повика земјите од Г-7 и Европската унија да воведат „значајни царини“ на стоки од Кина и Индија, со цел да се запре нивното купување на руска нафта, пренесува БНР. Вашингтон свика и состанок на министрите за финансии од Г-7 за да се разгледаат дополнителни мерки за засилување на притисокот врз Москва со цел прекин на војната во Украина.

„Купувањето руска нафта од страна на Кина и Индија ја финансира воената машина на Путин и го продолжува бесмисленото крвопролевање врз украинскиот народ,“ се наведува во соопштение од Министерството за финансии на САД, испратено до „Ројтерс“.

Во документот се додава: „Оваа недела јасно им ставивме до знаење на нашите партнери од ЕУ дека, доколку навистина сакаат да стават крај на војната во сопствениот двор, треба да ни се придружат и да воведат значајни царини, кои ќе бидат укинати во денот кога војната ќе заврши.“



Слични Објави