| | |

(Видео) Актерот Алек Алексиев е номиниран за „Будител на деценијата“ во Бугарија

„Многу ми се важни постапките и делата… Досега се спасени преку 100 деца благодарение на активностите кои успеавме да ги спроведеме“, изјави бугарскиот актер Алек Алексиев за БНР, кој со првите удари на Русија врз Украина не се двоумеше, туку тргна по тешкиот пат низ бомбите за да ги поддржи оние што бегаат од војната.

Една година по почетокот на крвавата војна во Украина, тој ги сочувал приказните за избеганите Украинци кои најдоа засолниште во Бугарија во документарниот филм „Детство 2.0“.

Актерот со години јасно ги искажува своите граѓански позиции, учествува во граѓански иницијативи и активности на фондацијата „Заедно во еден час“, која работи за пристап до квалитетно образование, како и на Фондација „Сијдeр“, која се грижи за обесправените деца и возрасни. Поврзан е и со активностите на фондацијата „За доброто“, која отвори фонд за децата на лекарите, медицинските лица и болничарите кои починаа за време на Ковид пандемијата.

„Прво акција, а потоа зборување. Личните примери… Имам чувство дека еден дел од нашето општество не го цени човечкиот живот, го омаловажува, за него тоа е само месо!“, вели Алексиев.

Слични Објави