АНГУС ЈАНГ- ЛУДИОТ ГЕНИЈАЛЕЦ СО ГИТАРА И УЧИЛИШНА УНИФОРМА

Повеќето фанови на рок енд ролот се категорични дека гитаристот на AC/DC Ангус Јанг е еден од најпрепознатливите шоумени во историјата на музиката.

loading...

Нема како да замислиме настап на австралиските рок икони без експлозивниот начин на свирење на Јанг, неговиот однос на сцената и секако неисцрпливата енергија.

Без Јанг немаше да постојат евергрините: It’s A Long Way To The Top (If You Wanna Rock ‘N’ Roll), Highway To Hell и Back In Black, што ги претворија момците од AC/DC во најпознатата хард рок група на светот.

Ангус е единствениот член на AC/DC, кој е дел од бендот од самото негово создавање во 1973 г.

Во 2020 г. Јанг успеа да ги убеди останатите живи музичари од групата да го запишат еден од своите најквалитетни албуми Power Up, во кој се собрани најновите хитови на бендот.

GREENSBORO, NORTH CAROLINA – AUGUST 27: Angus Young performs with AC/DC during the Rock Or Bust Tour at the Greensboro Coliseum on August 27, 2016 in Greensboro, North Carolina. (Photo by Jeffrey A. Camarati/Getty Images)

Јанг е познат по тоа дека е интровертен тип, кој ретко дава интервјуа и не сака да зборува за себе си. Авторот на биографијата на Јанг, Џеф Аптер го опишува како човек кој сака да зборува за себе преку музиката и како еден „ситен старец“ кој се преобразува во машина откако ќе ја вклучи својата гитара и ќе ја облече неговата култна школска униформа. Униформата како што вели самиот Јанг, му ја дава слободата да биде потполно различен човек, од оној што сите го знаат во животот надвор од сцената.

Ангас не пие, не комзумира дрога, стои далеку од лудите забави и е женет за една иста жена веќе 35 г.

Водечкиот гитарист на AC/DC е роден во Глазгоу Шкотска во 1955 г. Во 60-тите години на минатиот век неговото семејство се сели во Австралија. Поголемиот брат на Ангус, Џорџ веќе е познат член на групата The Easybeats, која го создала светскиот хит Friday on My Mind. Најмалиот син од 8-те деца во фамилијата Јанг, во тоа време свири на гитара заедно со еден од своите браќа Малколм. Стилот на Ангус се развива под влијанието на блузменот Муди Вотерс, рок енд ролот на Чак Бери и британските рок бендови Rolling Stones и The Who.

Самиот Јанг се опишува како бујно дете, што не сакало да оди на школо. Во суштина генијалниот гитарист ја напушта школската клупа на 15 годишна возраст и почнува работа како дактилограф во магазин.

Двајцата браќа Јанг ја создаваат AC/DC во почетокот на 70-тите години на минатиот век, земајќи го името на машината за шиење на нивната сестра Маргарет. Токму таа ја креира првата училишна униформа со која Ангас се појавува на сцената.


loading...

Браќата Јанг не ги следат трендовите и свират директен хармониски симплифициран рок енд рол. Со доаѓањето во групата на пејачот Бон Скот AC/DC станува сензација во Австралија и момците потпишуваат рекорден договор со Atlantic Records.

BUFFALO, NY – SEPTEMBER 11: Angus Young performs with AC/DC on their Rock Or Bust Tour at First Niagara Center on September 11, 2016 in Buffalo, New York. (Photo by Brett Carlsen/Getty Images)

Во 1980 Бон Скот умира од тровење со алкохол, тогаш кон бендот се приклучува Брајан Џонсон и токму во тој период се појавува најголемиот хит на групата Back in Black.

Еве што раскажува Јанг за концертот на групата во Сиднеј во април 1974 г, кога тој за прв пат се појавува со училишната униформа на сцената:

„Никогаш не сум бил толку исплашен, но немав време да мислам. Првата реакција на публиката откако го виде мојот изглед, беше како на риби што чекаат да бидат нахранети- со отворени усти. Јас се трудев само да не станам мета на луѓето од публиката кои фрлаа шишиња на сцената. Мислев дека ако стојам на едно место тие ќе ме погодат. Затоа не прекинав да се движам. Бев убеден дека ако застанам ќе бидам мртов“.

Така се раѓа легендата за момчето во училишна униформа, кое никогаш не застанува и оди напред-назад на сцената.

„За време на концертите јас се наоѓам на мојот мал облак. Адреналинот ме обзема. Тоа е како полетувањето со авион“, вели Јанг.

Ангус Јанг признава дека му е тешко да ја напушти својата улога по концертите. „За мене, настапите завршуваат многу брзо. Се појавувате, потоа заминувате и мора да ѝ се вратите на својата суштина. Ова е потешкиот дел, бидејќи штом еднаш ќе се навикнете да бидете ученик, прилично е тешко да ја напуштите улогата“.

Ова е улогата на неговиот живот – и тој засекогаш ќе остане на чело на историјата на рокенролот.