РАСЧИСТЕНО УБИСТВОТО ВО КОЧАНИ – СИНОТ ГО ИЗБОДЕЛ ТАТКА СИ ДО СМРТ
Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го пробол татка си во градите, по што тој починал.
Настанот се случи на 30 септември околу 5 часот во куќа на улица Климент Охридски во Кочани. Според информациите на МВР, Д.С. (30), со нож му нанел убодни рани во градите на неговиот татко В.С.(55), кој по кратко време починал од повредите. Претходно, Д.С. пријавил дека неговиот татко физички ја нападнал неговата мајка Н.С.(46).
Д.С. е приведен во Полициска станица, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Против него е поднесена кривична пријава за убиство.