ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НАЧЕЛО СО ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА САМИТОТ 16+1 ВО СОФИЈА
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе предводи владина делегација во состав, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и министерот за економија, Крешник Бектеши која ќе учествува на Седмиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1) којшто се одржува во Националниот дворец на културата во Софија, Република Бугарија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и владината делегација ќе присуствуваат на свеченото отворање на Бизнис Форумот, а потоа премиерот Заев ќе има свое обраќање во рамки на пленарната сесија на шефови на влади. Во 12:30 часот Премиерот Заев ќе даде изјава за медиумите. Во рамки на одржувањето на Седмиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа премиерот Заев и владината делегација ќе остварат официјална средба со кинеската владина делегација предводена од Премиерот на Народна Република Кина, Ли Кечијанг.