ШИМПАНЗОТО КОКО НАЈДЕ НОВИ ДРУГАРИ И ПРЕКРАСЕН ДОМ ВО ЗОО СКОПЈЕ
Познатото шимпанзо Коко кое 10 години се ресоцијализираше во Холандија повторно е во својот дом, во скопската Зоолошка градина, поради што денеска се одржа прес-конференција, на која беше промовирано и новото живеалиште за шимпанза.
Заедно со Коко истото ќе го делат уште три шимпанза – Мими, Роси и Хјасл. Тие од карантинот денеска беа префрлени во големиот внатрешен објект и се запознаа со својот нов дом, во кој има многу реквизити и пространа надворешност.
Градоначалникот Петре Шилегов, кој беше присутен на прес-конференцијата објасни дека новото живеалиште за шимпанза ги исполнува сите европски стандарди.
Шилегов најави дека најдоцна до следната пролет во Зоолошката ќе биде отворен дино-паркот. Градоначалникот се пофали дека градот Скопје сериозно инвестира во Зоолошката градина, и додаде дека бројот на посетителите во одредени периоди стигнува и до 30.000 луѓе.
На пресот присуствуваа директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, портпаролот Тина Мицковска, дел од тимот од Холандија каде што Коко престојуваше изминатата деценија и ЗОО-негувателите од скопската градина кои го чуваа Коко пред да замине за Холандија. Погледнете што кажаа присутните на следниот линк.