Исмет Гури за Алсат тврди дека жртвата во инцидентот денес е тој. Тој изјавил дека купувал цигари во близина кога некој го удрил од зад грб и го оставил во несвест. Потоа, како што вели Гури, полицијата интервенираше да го заштити него од толпата и потоа бил испратен во болница. Потсетуваме дека денеска братот и мајката на Ел Чека, го обвинија активистот на ДУИ дека физички ги нападнал.
