САЛВИНИ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МИГРАНТИ ВО ИТАЛИЈА ДОДЕКА ЕВРОПА НЕ СЕ СОГЛАСИ ДА ГИ ПРИМИ

//

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, изјави дека нема да дозволи 140 мигранти да слезат од бродот на италијанската крајбрежна стража сè додека Европа не се согласи да ги прими.

На голем дел од мигрантите што денеска се качиле на брод на крајбрежната стража синоќа им помогнал рибарски брод од Сицилија, чиј екипаж им дал вода и храна и ги повикал крајбрежните служби, пренесува „Танјуг“.

Салвини рече дека ниту едно италијанско пристаниште нема да биде одредено за истоварување на мигрантите додека другите европски земји не се согласат да ги примат.



Тој бара другите земји на Европската Унија да ги поделат трошоците и логистиката за превоз на мигрантите, кои најчесто доаѓаат од Либија.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ИСМЕТ ГУРИ ЗА АЛСАТ ТВРДИ ДЕКА ТОЈ БИЛ ЖРТВА ВО ДЕНЕШНИОТ ИНЦИДЕНТ СО БРАТОТ НА ЕЛ ЧЕКА

Следна статија

СОЛЗА И ПАЛЧО СЕ СПОИЈА СО ПРЕТЕНЗИЈА ЗА ТРЕТА ОПЦИЈА

Најново од Вести