УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ЊУЈОРК ОТКРИ УШТЕ ЕДЕН РИЗИЧЕН ФАКТОР ЗА ЗАБОЛЕНИТЕ ОД КОВИД-19
Студијата од њујоршкиот универзитет тврди дека дебелината е ризик број еден за да настанат компликации и хоспитализација поради коронавирусот кај луѓе над 65 години, пренесува „Дејли мејл“.
Населението над 65 години се карактеризира како ризична група за заболување од коронавирус.
Постарите и дебели луѓе имаат поголеми шанси да бидат хоспитализирани поради компликации предизвикани од коронавирусот, па дури и повеќе отколку пациенти со карцином или проблеми со белите дробови, предупредуваат истражувачите.
Универзитетот во Њујорк истражувал над 8000 пациенти и открил дека луѓето над 65 години со БМИ (индекс на телесна маса) над 30 се изложени на најголем ризик од смрт.
Истражувачите откриле дека дури 46 отсто од сите пациенти хоспитализирани со коронавирус биле на возраст над 65 години.