ФИЛИПЧЕ: НЕ ЗНАЕВМЕ ДЕКА НА СОСТАНОКОТ ВО КУМАНОВО ИМА ЛИЦА КОИ БИЛЕ ТЕСТИРАНИ
Министерот Венко Филипче за време на денешната видео-конференција од својот дом, изјави дека членовите на Владата не знаеле дека на вчерашниот состанок во Куманово имало лица кои се тестираат на Ковид-19.
Министерот додаде дека ризикот од зараза во Куманово е многу мал бидејќи на вчерашниот состанок сите носеле маски.
