Грдев: РС Македонија и Албанија веќе чекорат одвоено по европскиот пат
„Политичките изјави дека нема да се дозволи ниту еден инцидент за време на прославата на Гоце Делчев во Северна Македонија, надополнета со прес-конференцијата и ветувањата на македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски дека овој пат виновниците се приведени и ќе им се суди, не треба да се прифаќа како некаква промена во политиката на Скопје. Мораме да видиме дека овој процес е неповратен, со јасно поставени контроли и јасно формулирани цели“. Ова го изјави експертот за европски безбедносни политики Димитар Грдев за Бугарското национално радио.
„Често зборувањето и изјавите имаат партиски тон. Односите меѓу двете земји не можат да се градат врз внатрешно-политичкиот процес во една од нив.
Димитар Гурдев истакна дека политичарите во РСМ мора веќе да созреале дека се ставени во нова ситуација – одобрената преговарачка рамка, која има предуслови:
„Скопје не започна преговори со ЕУ и нема да ги започне додека не го исполни предусловот за промена на нивниот Устав и прифаќањето на македонските Бугари како државотворен народ.
Според експертот, голем дел од високите политичари во РСМ не се свесни за процесот на евроинтеграции и сметаат дека овој процес може да толерира одредени исклучоци:
„Илузорно е нивното чувство дека имаат многу време и можат да го одложат процесот на интеграција во ЕУ. Во македонското општество се забележува многу интересен процес поврзан со стравувањата на Албанците таму дека овие кавги и антибугаризмот ќе ја одложат интеграцијата на земјата. Пред само две недели македонските албански партии беа во Албанија и изјавија дека го поддржуваат вклучувањето на македонските Бугари како државотворен народ во Уставот на РСМ“.
Димитар Грдев посочи дека политичарите во Скопје не разбираат дека со одобрувањето на преговарачката рамка, двете земји Албанија и Северна Македонија веќе чекорат самостојно по европскиот пат и Албанија може многу сериозно да ja престигне РСМ.
„Како ќе му објаснат на македонското општество дека поради некои остатоци од титовите постулати и комунистички доктрини ќе се одложи интеграцијата на нивната земја во ЕУ.
РСМ стана членка на НАТО само благодарение на Бугарија, категорично истакна експертот за европски безбедносни политики и додаде:
„Ескалацијата меѓу две земји од НАТО ѝ штети на политиката на унијата и стабилноста во регионот. Бугарија мора јасно да го постави прашањето за обврските што Скопје ги има како членка на НАТО и сојузник на Бугарија, бидејќи оваа ескалација е апсолутно неприфатлива. Во РСМ мора да сфатат дека нивната желба да влезат во тие сојузи е врзана со задолжителни обврски“, изјави Грдев за БНР.
