Денков: Голем успех е да влеземе во воздушниот и во поморскиот Шенген
Преговорите за влез на Бугарија во Шенген продолжуваат, така бугарскиот премиер академик Николај Денков ги коментираше шансите Австрија да ја промени одлуката за копнените граници до крајот на оваа година, а доколку тоа не се случи какви гаранции ќе бара Бугарија за да добие полноправно членство во Шенген, јавува БГНЕС.
„Прво, влезот во воздушниот и поморскиот Шенген е голем успех. Затоа, прво да се израдуваме за тоа. Ќе преговараме до последен момент за ова и копнените граници да бидат вклучени“, посочи Денков.
Што се однесува до киднапираниот бугарски трговски брод „Руен“ кој пловел под знамето на Малта, премиерот рече дека државата работи на успешно разрешување на ситуацијата.
„Секогаш има ризици кога е киднапиран брод. Нормално, ние сме загрижени, имаме контакт со луѓе и институции и работиме колку што можеме да помогнеме за успешно решавање на проблемот“, заклучи премиерот.