Зеленски: Иднината на Украина се решава на исток, каде што се водат тешки борби
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека иднината на неговата земја се решава во источна Украина, каде борбите се многу тешки.
„Ситуацијата на исток е многу тешка и многу болна. Мораме да ја уништиме воената моќ на непријателот и ќе го сториме тоа“, рече Зеленски во своето ноќно видео-обраќање.
Зеленски истакна дека сега се бори за иднината на Украина и на Украинците во Билогоривка, Маринка, Авдијивка, Бахмут, Вугледар и Камијанка, пренесе Си-Ен-Ен.
Украинскиот претседател рече дека е благодарен на сите војници кои ги ставија своите животи на првата линија во тие битки.
Зеленски им оддаде посебно признание на војниците на 92. механизирана бригада за нивните успешни операции во областа Бахмут,пренесе Телеграф.рс.