| |

(ВИДЕО) ПЕТ ДЕЦА ЗАГИНАА ВО ПОЖАР ВО САД

Пет деца на возраст од 8 месеци до 7 години го загубија својот живот, во пожар, кој избувна во центар за престој на деца во градот Ери, Пенсилванија.

Локалните медиуми јавуваат дека пожарот избувнал ноќта во 01:12 часот. Според информациите на полицијата противпожарните екипи веднаш пристигнале на местото на настанот но, објектот бил целосно зафатен од огнот.

Сопственичката на центарот за престој на деца, Елејн Харис била спасена, а две деца на возраст од 12 и 17 години успеале да излезат од објектот и да се спасат. Причините за пожарот се непознати.



Слични Објави