УНИШТЕНА ЅВЕЗДАТА НА ДОНАЛД ТРАМП ВО ХОЛИВУД

Осомничениот е уапсен откако ја уништи ѕвездата на американскиот прретседател Донал Трамп и тоа со помош на казма.

Според Лос Анџелес Тајмс, уапсениот сам се пријавил во полиција откако со казма ја ископал и уништил ѕвездата поставена на славно шеталиште во Лос Анџелес. Извештајот наведува дека осомничениот пристигнал со футрола за гитара во која ја носел казмата и ја уништил ѕвездата.

Иако избеал од местото на настанот, осомничениот потоа самиот ѝ се предал на полицијата и сега се наоѓа во притвор. Еден извор тврди дека најверојатно ќе биде обвинет за кривично дело вандализам.

И покрај тоа што областа се обезбедува од приватна агенција, агенцијата не разполага со истите овластувања како полициските службеници при спроведувњето на јавниот ред и мир.

Не е првпат ѕвездата да биде цел на вандализам. Во 2016 година, Џејмс Ламберт Отис (53) е снимен како се обидува со чекан и казма да го отстрани името на Трамп. На Отис му беше изречена условна казна од три години, 20 дена општокорисна работа и парична казна од 4.400 долари за надомест на штетата.



Ѕвездата е исто така е цел на „уметнички протести“ – во знак на револт во 2016 беше обиколена со ѕид како симбол на политиката на претседателот кон проблемот со доселениците.

На шеталиштето во Холивуд има повеќе ѕвезди посветени на познати личности, како што се Џеф Голдблум, Џек Блек, Кирстен Данст и Зои Салдана. Имињата на почестените се избираат од страна на комисија што ги разгледува молбите во текот на целата година и ѕвездите се купуваат за 30.000 долари.

Претходна статија

УБАВО СИ КАЖАА ВО „ДАМБО“

Следна статија

ПРОПАГАНДАТА ПРОТИВ ЕУ И НАТО Е ДЕЛО НА МАЛА КРИМИНАЛНА ГРУПА

Најново од Разно