МОМЧЕ ОД ХОНГКОНГ НА ФЕЈСБУК ЈА БАРА ДЕВОЈКАТА СО КОЈА СЕ СЛИКАЛ ВО ОХРИД

Момче од Хонгконг, преку објава на Фејсбук, во групата „Expats and Foreigners in Macedonia“, бара помош со цел да ја најде девојката со која се сликал во Охрид.

-Здраво на сите, јас сум од Хонгконг. Го посетив Охрид на 7 октомври. Црквите, езерото, времето, тој е прекрасен град. Но, една мала случка го направи мојот впечаток за Охрид уште понезаборавен. Еве што се случи. Околу 11:30 часот, одев кон местото за ручек со други учесници од турата. Одеднаш, една девојка ми побара да се сликаме. Најпрво се шокирав, но реков ок и ова е фотографијата- пишува момчето на Фејсбук.

Целата објава прочитајте ја на следниов линк.