| |

РЕКА ТРНУВА СО 1, ДВОЈКАТА ЗА СИЛЈАНОВСКА А БРОЈОТ 3 ЗА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

Кандидатот поддржан од Алијансата на Албанците и тетовското крило на Беса, проф. д-р. Блерим Река ќе се натпреварува под реден број еден на гласачкото ливче, на претседателските избори. Двојката по пат на ждрепка и падна на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, а со реден број три во трката влегува кандидатот на владејачката коалиција Стево Пендаровски.
Пред извлекувањето во Државната изборна комисија, од таму упатија апел до учесниците во претседателските избори да се придржуваат кон фер и корекната изборна кампања, подвлекувајќи дека од тоа ќе зависи европската иднина на Македонија.



Слични Објави