Што пишува протогеровистот Георги Баждаров за Прилеп во времето на српскиот режим
На 19 септември 1929 г. во Варна е убиен истакнатиот револуционер на ВМОРО, учител и новинар ГЕОРГИ ДИМКОВ БАЖДАРОВ. Роден е на 8 февруари 1881 г., во Горно Броди, Серско. Се школувал во Бугарските гимназии во Солун и во Битола, каде заедно со Т. Марков го основат ученичкиот револуционерен кружок на Бугарското тајно револуционерно братство. Учителствувал во Крушево, Демирхисарско од 1900 – 1901 г. и бил член на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет.
По 1901 г. бил четник во четата на Јане Сандански, потоа во четата на Иљо Крчовалијата, а покасно е во четата на Атанас Тешовалијата. Во летото 1903 г. е делегат на конгресот на Серскиот револуционерен округ. Учествувал во Илинденското востание. По востанието емигрира во Бугарија каде завршува историја и географија на Софискиот универзитет. По Младотурската револуција од 1908 г. тој е еден од основачите на Сојузот на Бугарските конституциони клубови. Учествувал во основачкиот конгрес на Сојузот на Бугарските учители во Отоманската империја, 1909 г.

Бил делегат на Првиот обшт собор на Бугарската матица во Солун, 1910 г. Избран е за секретар на Изполнителниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации кои што изпраќаат „Мемоар“ до Паризката мировна конференција, 1919 г. во кој се бара присоединување на Македонија кон Бугарија. По Првата светска војна е избран за член на Задграничното представништво на ВМРО. Од 1919 до 1923 г. е главен уредник на весникот „Македонија“ и на списанието „Македонски поглед“. Бил еден од основачите на Македонскиот научен институт во Софија. Во 1924 г. тој е против преговорите со комунистите и се противи на потпишувањето на Мајскиот манифест.
По убиството на Александар Протогеров на 7 јули 1928 г., Г. Баждаров станал еден од водачите на неговото крило и огорчен противник на ванчомихајловистите. Тој ја редактира протогеровистичката верзија на весникот „Слобода или смрт“. Станува жртва на меѓусебните борби во ВМРО и како протогеровист е убиен од припадник на крилото на Иван Михајлов.
“При тој свој менталитет, србите особено збеснуваа, кога прилепчани кажуваа дека се Бугари… Во секој македонски град ЦРНА РУКА има свои терористи и своја просторија, на горниот кат каде се вршел разпитот на сомненија и обвиненија, а во долниот измачувања или ликвидирања. Прилепчани ја нарекле таа просторија ГОЛГОТА. После Атанас Љутвиев (изгорен во печка) проголтала уште многу жртви. Набрзо можев да ги дознам имињата на следните исклани луѓе: Арсо Попов од Попадија, поп Никола од Кадино село, Иван Мирчев од Никодим. Бившиот војвода од Раец и тројца тиквешани беа заклани во Тројаци. Некој си капетан Душан со 50 главосечи го обиколувал прилепско и го фаќал секој побуен и буден и го измачувал, биел и убивал…
Страшно беше влегувањето во ГОЛГОТАТА, разкажуваше Спиро Петров, брат на познатиот револуционер Ѓорче Петров. Јас и Аце Јанов, продолжи тој, бевме тешко наклеветени пред Србите и не’ однесоа во ГОЛГОТА на испитување. Мислевме нема излегвање од таму…
Мнозина во Прилеп и прилепско повеле активна борба против србското господство. Ако се умира, кажуваа тие, да има барем за што да се умира. Од такви бегалци Дамјан Попов од Долнени, собра една чета од околу 70 души…“
ПАТНИ БЕЛЕШКИ; ПРИЛЕП И СРБСКИОТ РЕЖИМ, 1918 г.
Извор: Библиотека Струмски
