ВО КОВИД-ЦЕНТРИТЕ ИМА 622 ПАЦИЕНТИ, НАЈМНОГУ СЕ ВО СКОПЈЕ-262, ПА ВО ОХРИД-53
Вкупно 622 пациенти позитивни или суспектни на ковид-19 се хоспитализирани во болниците низ државата, а од 262 се во Скопје и 360 во останатите градовии. Денеска, според податоците на Министерството за здравство, во ковид-центрите има слободни околу 420 болнички кревети.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се примени 18 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а од нив 6 се на интерните клиники, 6 во ГОБ 8 Септември, тројца на Инфективната клиника и тројца во болницата во Козле. Дома се пуштени 15 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 18, а на Институтот за ТБЦ има вкупно 22 пациенти со симптоми на коронавирусот. Во ГОБ 8 Септември се лекуваат вкупно 75 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 89 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти, а на ГАК има една хоспитализирана ковид- позитивна пациентка.
Во однос на другите градови низа државата, најмногу пациенти има во Охрид-53. Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип има 34 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес 24, а во Куманово 39 пациенти. Во Прилеп се хоспитализирани 47 лица, во ковид-центарот во Гостивар 7, во Струга 21, во болницата во Струмица 27 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 8, Кавадарци 40, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.