ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАГИНА 19-ГОДИШНИК ОД ГЕВГЕЛИЈА

Синоќа околу еден часот по полноќ во полиција било пријавено дека на патот Стар Дојран – Нов Дојран, излетал автомобил „опел мерива“ со гевгелиска регистрација.

loading...

Како што информираат од МВР, автомобилот бил управуван од 20-годишниот И.М. од Гевгелија, а по незгодата на местото на настанот починал 19-годишниот сопатник И.П. од Гевгелија.

Во незгодата повредени се и возачот на автомобилот и уште еден сопатник на возртаст од 19 години, кои итно биле пренесени во болница.


loading...

На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и екипа од гевгелиската полиција.