| |

НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ: ВЕЛОСИПЕДИСТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН

Велосипедист е тешко повреден во несреќа која се случила вчера на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Гоце Делчев“ во Скопје, кога на него налетал автомобил.

Во 16.15 часот вчера на крстосница од булеварите „Крсте Мисирков“ и „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко моторно возило „ауди А2“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот С.Ш. од Скопје, удрило во велосипед управуван од Т.К. од Гостивар.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Слични Објави