Отворени опиени балканци
Пишува: Аргир од Б’лгарско Блаца
ДАТУМ: 17.11.2023. МЕСТО: Белград (наводно, нај ‘отворениот’ главен град на балканите!). ПОВОД: Вториот меѓународен саем за вино. ПРИСУТНИ: Производители на вино и продавачи на ‘српски илузии’!
Факт е дека балканските народи се љубители на ‘чашката’ со убаво вино и ракија ( се разбира, и узото!). Патем речено, еден од нај омилените песни во нашата прекрасна македонска/бугарска народна музика е и песната ‘Вино пијам ем ракија’! Во продолжение на текстот на ова песна се пее: ‘коња јавам аџамија, коњ ме шета горе доле низ това поле, ме одведе в’ладна меана, у меана до три моми, прва точи, другата носи, а третата мене ме …’! Кога ќе погледнеме на насловната слика, во којашто фигурираат тројца познати ‘мераклии’ на ‘турбо-србо-фолк’ проекти со полни чаши и празни илузии, човек неизбежно мисли на ова песна со ‘коњот’, ‘аџамијата’ и ‘трите моми’!
Изгледа дека за овие ‘мераклии’, виното е бесплатно и може да си пијат колку што сакаат во ‘отворениот свет на опиените’, но за сите останати обични жители на овој регион, особено во Р. С. Македонија ниту виното, ниту било што во домашните трпези не е бесплатно. Луѓето мака мачат заради високата инфлација и недомаќинското работење на властите. И треба да ни биде јасно дека во овие бурни денови на многу сериозни промени и предизвици во светската политичка, економска, безбедносна и технолошка сцена, ни требаат будни, интелигентни, разумни и принципни водачи, а не ‘мераклии’ во ладни меани!
Во нашата ‘заедничка’ или ‘споделена’ историја меѓу Р. Бугарија и Р. С. Македонија имаме владетели коишто исто така биле љубители на виното! На пример, Кан Крум и Цар Калојан имат специфично место во историјата, заради тоа што Хан Крум во 811г. откако на бојно поле го победил византискиот император Никифор Први Геник, а Цар Калојан во 1205г. исто така на бојно поле го победил латинскиот император Балдуин, и двајцата владетели наредиле да им се отсечат главите на победените императори и од нивните черепи да се направат чаши за вино!
Се разбира дека ова идеа за ‘чаша од череп’, во никаков случај не е во склоп со човечката цивилизација на 21-от век, но сѐ пак да внимаваме на нашите глави!! Актуелните воени злосторства во Украина и Блискиот Исток, предупредуваат за поголема будност во безбедноста на регионот под одбранбениот чадор на НАТО! Сегашното време е драгоцено и не треба да се губи со штетни анти-евроатлантски проекти на нашиот северен сосед Србија со нејасна и сомнителна агенда за регионот, којашто може да ни води до ‘акутно пијанство’ и катастрофа!
Р. С. Македонија има потреба од високо одговорни политичари, коишто преку уставните измени, преку борбата со криминалот и корупцијата, преку правосудните реформи и ред други задачи ќе ја водат нашата мила татковина кон полноправно членство во Европската Унија. А, не на експериментални екскурзии по вино во ладни и темни меани!