ДЕСКОСКА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА СЕ ВРАЌА НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

Досегашната министерка за правда Рената Дескоска објави дека по шест години активно учество во политиката, се враќа на својата професија, професорка на Правниот факултет и дека одлучила да се посвети на стручна и научна работа.

loading...

Во објавата на Фејсбук, Дескоска им се заблагодари на премиерите Зоран Заев и Оливер Спасовски за укажаната доверба да биде дел од Владите кои тие ги предводеа.

„Мандатарот Заев го презентираше составот на идната влада, во која има искусни досегашни министри кои успешно ги водеа своите ресори и нови лица кои се докажаа во ангажманите кои до сега ги имаа. Посакувам и очекувам оваа Влада да биде успешна во својата работа. Премиерот Заев и целата влада, а особено новите министри за правда и образование и наука, ќе ја имаат мојата целосна стручна поддршка во водењето на реформските процеси“, напиша Дескоска.

Претходно Дескоска беше министерка за образование и наука.

loading...


Во новата влада во Министерството за правда оди Бојан Маричиќ.