|

Девојче со месеци силувано од очувот, мајката не реагирала – Нов хорор во Македонија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници поради сомнение за обљуба со злоупотреба на положбата.

Според обвинителството, осомничениот очув, во подолг временски период, ја злоупотребувал својата положба и ја наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено во 2009 година, кое му било доверено на чување и воспитување.

Кон дејствијата придонела и мајката на девојчето, која, иако била запознаена со случувањата, не го пријавила ниту го спречила очувот во неговите постапки. Со тоа не го заштитила своето дете, и покрај тоа што девојчето повеќепати побарало помош од неа.

Јавниот обвинител предложи на осомничениот очув да му биде определена мерка притвор, а за мајката мерки на претпазливост. Паралелно, обвинителството ќе се координира со Центарот за социјални работи за преземање соодветни мерки за згрижување на трите малолетни деца во семејството, вклучувајќи ја и жртвата.

Слични Објави