ДИМИТРОВ: ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОЛКУ (И КАКВИ) ПАСОШИ ИМААТ ПОЛИТИЧАРИТЕ

Јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското. Сметам дека граѓаните апсолутно имаат право да знаат колку (и какви) пасоши имаат политичарите, соопшти вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров.

loading...

На прес-конференцијата по повод 100 дена Влада на новинарско прашање до премиерот Зоран Заев дали Владата планира законски измени со кои именувани и избрани функционери, пред да стапат на функцијата, задолжително ќе декларираат дали имаат повеќе од едно државјанство и тој податок да биде јавно достапен, одговори дека за ова прашање досега не размислувале, но е вредно да се разгледа.


loading...

„Ќе размислиме и ќе го разгледаме ова прашање. Ние сме влада која внимателно слуша и во иднина сакам да ги слушнам сите аргументи. Ќе разгледаме какви се и европските пракси“, рече Заев.