ЗАЕВ: НЕМА ДА СВИКАМ ЛИДЕРСКА, МИЦКОСКИ ЗАБЕГА

Премиерот Зоран Заев информира дека нема да свика лидерска средба, иако вчера најави бидејќи како што вели нема намера на состанокот да се разговара за барањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за експертска влада, дека не функционира здравството и др. Тој истакна дека и нема да дозволи лидер на партија да го понижи претседателот на државата Стево Пендаровски, откако вчера јавно Мицкоски соопшти дека нема да присуствува на лидерска свикана од шефот на државата.

loading...



loading...

– Претседателот на државата е врв на политичката пирамида и треба сите да го почитуваме. Секогаш во својте настапи се водел од својата неутралност. Не е соодветно некој вака да се постави према претседателот. По мојата намера да објавам дека ќе свикам лидерска за Бугарија за се што се разговараше , кои се причините зошто се случи ова, дефинитивно добив реакција од Фејсбук објавена од шефот на опозицијата дека „да ќе се разговара за техничка влада, за неспособноста на владата, за неуспехот со Бугарија. Што да свикам лидерска средба за што. Ја сне се согласувам воопшто со овие прашања. Владата покажа пример на пријателство имаме црвени линии. За жал не успеавме да ја добиеме првата меѓувладина конференција. Успешно се справуваме со ковид кризата. Ќе барам други алатки на информирање на јавноста. Колку и да е неразумно , хистерично и неодговорно, би кажал и дека е забегано – рече Заев.