ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ Е ПРИОРИТЕТ ЗА СИТЕ ЗЕМЈИ

//

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина оствари средба со потпретседателот на Националниот комитет на Кинескиот политички и консултативен совет на 13. Национален когрес, г. Џанг Чингли и Делегацијата, која е во тридневна официјална посета на Република Македонија.

На средбата, покрај претседателката на Пратеничката група, г-ѓа Владанка Авировиќ, присуствуваа и членовите: г-ѓа Весна Пемова, г. Агим Шаќири, г-ѓа Анета Симеска-Димоска и г-ѓа Тања Ковачев.

Претседателката Авировиќ изрази задоволство од односите меѓу Република Македонија и Народна Република Кина кои се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување, воедно упати благодарност до сите учесници низ годините кои помагале во развој на односите меѓу двете земји.

Покрај политичките и економските односи кои се во нагорна линија, во иднина останува да се трудиме и да ги развиваме односите во полето на образованието, преку културните и образовните центри, промоција на Институтот за кинески јазик во Македонија, заемна размена на студенти, како и развој и промоција на туризмот.

Потпретседателот на Националниот комитет Чингли се заблагодари за искреното и срдечно добредојде, како и за честитките и позитивни забелешки од македонската страна за напредокот на економскиот развој на Кина, а на оваа средба гледа како одлична можност за размена на мислења и искуства.



Тој изрази благодарност за долгогодишната посветеност на Групите за пријателство на двете земји, кои во минатото дадоа придонес за развој на односите, како и за непрекинатите напори за нивно унапредување во иднина.



Претходна статија

ПЕТАР КОЛЕВ: ПОПОВСКИ РОБЕРТ ПАКУВАЈ КУФЕРИТЕ!

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ НЕ СМЕЕ ДА ИЗУСТИ МАКЕДОНИЈА, А ОД ДРУГА СТРАНА САКА ДА ГИ УБЕДИ ГРАЃАНИТЕ ДЕКА ДОГОВОРИЛ ЈАКНЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Најново од Вести