Димитров ќе учествува на состанокот на Мешовитиот комитет МК-ЕУ во Стразбур

//

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во Европскиот Парламент во Стразбур ќе учествува во работата на 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија – Европска Унија.

Мешовитиот парламентарен комитет е форум на меѓу-парламентарна соработка предвиден со Спогодбата за асоцијација и стабилизација помеѓу Република Македонија и Европската Унија.



Министерот Димитров ќе има излагање во рамките на воведната сесија „Размена на мислења со Владата на Република Македонија, со Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (EEAS) за односите меѓу Европската Унија и Република Македонија.“ Министерот Димитров ќе оствари и средби со пратеници во Европскиот Парламент.

Претходна статија

Горниот дом на британскиот парламент ја сака Македонија во НАТО и без решение за името

Следна статија

СДСМ: Стратегијата за проширување на ЕУ е потврда за успешните политики

Најново од Вести