Горниот дом на британскиот парламент ја сака Македонија во НАТО и без решение за името

//

Домот на лордовите, ( горниот дом на Британскиот парламент), во својата стратегија за односите на Велика Британија со земјите од Западен Балкан во еден од заклучоците смета дека Македонија треба да стане членка на НАТО без оглед дали ќе го реши или не спорот за името, што го има со Грција.

Ова е прва државна институција во Европа која јасно и јавно искажала став дека треба да се направат сите можни напори Република Македонија конечно да стане членка на Алијансата и да не биде блокирана од Грција доколку во меѓувреме се уште нема решение на спорот за името.



Домот на лордовите е составен од парламентарци кои не се избрани директно на избори како народни избраници туку се назначени според заслуги и титули во согласност со британската круна.

Претходна статија

Б. Јакшиќ: Руските агенти во Србија се „разбудија“ и сега прават се што ќе им каже Москва

Следна статија

Димитров ќе учествува на состанокот на Мешовитиот комитет МК-ЕУ во Стразбур

Најново од Вести