ДИМИТРОВ НЕ ЗНАЕ КОЈА Е ПРИЈАТЕЛСКАТА ЗЕМЈА КОЈА БЕШЕ ПОСРЕДНИК ЗА ДА СЕ ОТКРИЕ РЕКЕТОТ ВРЗ ОРЦЕ КАМЧЕВ
Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека не знае на која е пријателската земја со чие посредство се обезбедени докази за вчерашните случувања во однос на „рекетот“ врз македонски бизнисмен, а во кој е вклучен и обвинител.
Според него, вчерашите случувања покажуваат дека системот ни е подразбуден и оти има реакции без разлика на тоа од која страна доаѓаат индициите за лошо.
Мора овој период да го искористиме за да ни ја биде државата, порача шефот на дипломатијата Димитров на денешната заедничка прес-конференција со неговиот колега Чавушоглу, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.