| |

Димитров резервиран-Османи оптимист

Министерот за надворешни работи на Р. Македонија Никола Димитров по официјалната средба со својот грчки колега Никос Коѕијас изјави дека е постигнат напредок во преговорите во однос на некои разлики, но додаде дека се уште остануваат отворени одреден број прашања. Димитров истакна дека разговорот поминал без надмудрувања и со разбирање за главните грижи на двете страни. Од своја страна Коѕијас изјави дека напредок во преговорите има, но се уште нема решение за најтешките прашања.
Во Брисел пак министерот одговорен за евроинтеграциите Бујар Османи и порача на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и порача дека Владата работи одговорно и ги испорачува обврските што со себе ги носи Планот 3-6-9. Како дел од темелните позитивни чекори што веќе ги преземала владата, Османи ги навел подобрувањето на односите со сите соседи и донесувањето на Законот за употреба на јазиците, кој бил потребен за отстранувањето на политичките пречки и завршен сегмент од легислативниот дел на Рамковниот договор.



Слични Објави