ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕЛЕС КОЦЕВСКИ И НЕГОВАТА СОПРУГА СЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и неговата сопруга се во домашна самоизолација. Сопругата на Коцевски, којашто е лекар, имала контакт со двајца од инфицираните со корона вирус од Велес, па поради мерки на безбедност и тој останал во доброволна самоизолација.

За ,,Фокус” градоначалникот открива дека располага со информација како позитивните лица од Велес претходно имале контакт со сопругот на докторката од Кавадарци.

„Во доброволна изолација сум и работите ги извршувам од дома. Мојата сопруга им е матичен лекар на двајца од инфицираните со корона вирус во Велес. Според информациите со кои располагам, вирусот е пренесен од едно од заболените лица од Кавадарци, односно од сопругот на докторката“, вели градоначалникот Коцевски.