| |

ДИМИТРОВ СЕ СРЕТНА СО БОРИСОВ НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО ДАВОС

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, се сретна со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, во Давос на Светскиот економски форум.
Двајцата разговарале за заедничкото претстојно претседателство на Берлинскиот процес во 2020 година. Акцент во нивниот разговор беше позитивниот развој на билатералните односи по склучувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Премиерот Борисов изрази очекување дека работата на заедничката мултидисциплинарна комисија меѓу двете држави ќе продолжи во конструктивен дух и нема да биде повлијаена од политичката коњуктура и напнатата изборна состојба во нашата земја.

За време на средбата, премиерот Бојко Борисов уште еднаш ја потврди поддршката на Бугарија за започнување на преговори за присоединување кон ЕУ на Република Македонија.



Слични Објави