| |

Димитров: Слеано име на македонски и без превод, не е најдобиот правец

Слеано име на македонски јазик и без превод, не е најдобриот правец во разговорите, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес конференцијата, одговарјќи на новинарски прашања.

-Сегашната референца Поранешна Југословенска Република Македонија го содржи името Република Македонија и тоа е преведено на шестте официјални јазици во ОН. Тешко е да му кажам на мојот народ дека сложено име со некаква одредница, заедно со името Макеоднија, во еден збор, е добро решение, изјави Димитров.

Шефот на грчката дипломатија на прашањето зошто Грција инсистира на промена на македонскиот Устав, рече дека според праксата на европските уставни судови националните устави се над европското и меѓународното право.

За нацрт-спогодбите што си ги разменија Скопје и Атина, Коѕијас рече дека тоа се документи со кои треба да се разјаснат позициите на страните, а не да се отежни процесот.

На истото прашање Димитров објасни дека Македонија се залага за оддржливо решение кое ќе биде постигнато и прифатено од јавноста и граѓаните на двете земји.

Коѕијас, пак, рече дека е потребно праведно решение кое не се однесува на минатото, туку на иднината и ќе ги отвори патиштата и нема да создава проблеми во иднината.



Слични Објави