| |

Директните странски инвестиции во Бугарија зголемени за речиси 50 % и веќе изнесуваат 1.4 млрд. евра

Директните странски инвестиции во Бугарија пораснале во мај 2025 година за 46,9% на годишно ниво, достигнувајќи 1,4 милијарди евра, јави БГНЕС, повикувајќи се на податоците од Министерството за иновации и развој и од Бугарската народна банка (БНБ).

Во мај 2024 година директните странски инвестиции изнесувале 948 милиони евра.

Како удел во БДП, преките странски инвестиции забележале годишен раст од 33%, зголемувајќи се како удел од 0,9% на 1,2% од БДП во мај годинава.

Во мај 2025 година реинвестициите изнесувале 1,351 милијарди евра, што е пораст во споредба со истиот период минатата година, кога тие изнесувале 916,5 милиони евра.



Слични Објави