ДИРЕКТОРОТ НА „ХИТРОУ“: НЕ Е ВОЗМОЖНО ОДРЖУВАЊЕТО НА СОЦИЈАЛНА ДИСТАНЦА НА АЕРОДРОМИТЕ

/

„Одржувањето на социјална дистанца е физички невозможно на некои места, како што се аеродромите“, вели за ББС, Џон Холанд-Кеј, шеф на најфреквентниот европски аеродром Хитроу во Лондон.

Тој додава дека од патниците ќе се бара да носат маски и да бидат подложени на лекарски преглед пред поаѓањето.

Кеј исто така вели дека аеродромите ќе треба да воведат строги мерки за да се минимизира можноста за зараза. Ова најверојатно ќе биде некој вид основна здравствена проверка, како што е мерење на температурата и носење маски .





Претходна статија

НАЈМАЛКУ 46 ЗАГИНАТИ ВО БУНТ ВО ЗАТВОР ВО ВЕНЕЦУЕЛА

Следна статија

СЗО: ВИРУСОТ НЕ ПОТЕКНУВА ОД ЛАБОРАТОРИЈА

Најново од Вести