ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИЧКИОТ ВО НИШ: СОСТОЈБАТА НА ПУЛМОЛОГОТ ЃОРЧЕВ НЕ Е ПОСЛЕДИЦА НА ВАКЦИНАТА

Состојбата на 73-годишниот пулмолог Анѓелко Ѓорчев кому му се слоши во салата Чаир во Ниш по примената вакцина против ковид 19 е непроменета и тој се уште е во кома , изјави директорот на Универзитскиот клинички центар во Ниш, Зоран Перишиќ.

loading...

Според доктор Перишиќ сепак состојбата на Ѓорчев не е последица на вакцината. Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина, изјави перишиќ за агенцијата Бета. Како што рече, лекарите исто така ги елиминирале срцевите проблеми како причина за несвесната состојба бидејќи била извршена коронарна ангиографија и била проверена состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот од претходно.

Синоќа се огласи и синот на пулмологот, поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ кој рече дека татко му е во длабока кома, на респиратор и се бори за живот.


loading...

Ѓорчев посочи дека неговиот татко со уште неколку свои колеги – доктори во неделата тргнал за Ниш за да се вакцинира зошто неговата земја потфрлила со вакцините.