До 2027 г. петтиот блок на АЕЦ „Козлодуј“ ќе работи целосно со гориво од „Вестингхаус“
Претседателот на бугарската Агенција за нуклеарна регулација, Цанко Бачијски, изјави дека петтиот блок на АЕЦ Козлодуј во 2027 година ќе биде целосно наполнет со гориво од Вестингхаус, јавува БГНЕС.
Според него, диверзификацијата на нуклеарното гориво за реактор од типот ВВЕР-1000 е успешно реализирана, при што Бугарија е првата земја во ЕУ со ваква програма. „Во 2028 година ќе стане јасно дали ова гориво ќе остане“, рече Бачијски, додавајќи дека засега нема проблеми.
На 9 мај се очекува блокот да биде запрен за планиран ремонт, кога ќе се изврши ново полнење со гориво. Конечната оценка за неговата употреба ќе биде донесена во 2028 година.
