До 7 часот утрово регистрирани 15 пожари низ земјава – два под контрола, 13 изгаснати
Во текот на изминатите 24 часа, заклучно со 07:00 часот на 1 септември 2025 година, на територијата на Република Северна Македонија се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор. Од нив, два се ставени под контрола, а 13 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под контрола се пожарите во општина Гевгелија, на планината Кожуф каде што гореше приземна вегетација, и во општина Македонски Брод, во Повеќенаменското подрачје Јасен, каде што беше зафатена мешана шума.
Изгаснати се 13 пожари во повеќе општини: Долнени (с. Долгаец), Делчево (градска депонија), Куманово (кај филтер станица), Центар (Кеј 13 Ноември), Илинден (с. Миладиновци и Индустриска зона Бунарџик), Ѓорче Петров (покрај Лепенец), Сарај (кај езеро Треска), Прилеп (с. Десово), Гостивар, Кавадарци (с. Фариш), Боговиње (с. Боговиње) и Гази Баба (Вардариште).

