ДО 8 МАРТ ЗАТВОРЕНИ КОПНЕНИТЕ ГРАНИЦИ И ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА НА ДРЖАВЈАНИ НА ТРЕТИ ЗЕМЈИ

За уште две седмици, до 8 март 2020 година, грчката Влада ја продолжи одлуката за ограничување на копнените граници и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за мерките што веќе 11 месеци се продолжуваат, а новата одлука за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ за да се ограничи ширењето на коровирусот синоќа беше објавена во Службен весник на Грција, а од утре во 6 часот наутро стапува во сила.

loading...



loading...