|

Нова Република: Парламентарното мнозинство и „опозиција“ преговараат за проценти од државниот буџет, а не за изборниот процес

Во борба за проценти државно финансирање на кампањите – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица ја бришат главната тема – една изборна единица и отворени листи

Фалсификатот во обид со електронското гласање на дијаспората излезе на површина бидејќи мнозинството и парламентарната „опозиција“ не се договорија за државното финансирање на изборните кампањи.

До моментот на несогласување околу процентите за буџетски-платеното рекламирање на постојните партии во Собранието – и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и Левица не спомнуваа ништо за гласањето на дијаспората.

Електронско гласање овозможено само за дел од гласачите – а не за сите е нарушување на еднаквоста на правото на глас.

Ваквото решение ќе биде оспорено од #НоваРепублика пред Уставниот суд.

Зошто гласач во Детроит би можел да гласа од телефон, додека гласач од Дебар мора да оди во избирачко место далеку од дома?

Но, во основа, НОВА РЕПУБЛИКА укажува дека парламентарното мнозинство и „опозиција“ само преговараат за проценти од државниот буџет, а не за изборен процес.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЗНАМ, Левица, ДУИ и ВЛЕН во моментот разговараат само како меѓу себе да си ги поделат парите за подмирување на нивните трошоци за претстојната кампања – односно 97% од предвидениот буџет.

Затоа, никој не спомнува ништо за една изборна единица и отворени листи.

За се да остане исто и да биде платено од граѓаните – даночни обврзници



Слични Објави