|

До среда врнежи од дожд и потопло време

Времето денеска ќе биде претежно облачно, во западните делови со локaлeн дожд, а доцна попладне дожд ќе има и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно со слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 7 степени.

Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има до среда. Температурите во следните денови ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика понатамошно топење на снежната покривка на планините.



Слични Објави