Добитникот на Нобеловата награда за мир осуден на 10 години затвор во Белорусија
Судот во Белорусија денеска го осуди добитникот на Нобеловата награда за мир, продемократскиот активист Алеш Бјалјацки, кој е во притвор во Минск, на 10 години затвор поради финансирање протести во 2020 година и затајување данок, пренесе ТАСС.
Бјалјацки, продемократски активист и основач на групата за човекови права Вјазна, која обезбедуваше правни и финансиски услуги за да им помогне на демонстрантите за време на бранот немири во Белорусија во 2020 година, беше осуден за финансирање протести и затајување данок.
Бијалатски рече дека бил прогонуван од политички причини, објави Ројтерс.
Групите за човекови права велат дека во Белорусија има околу 1.500 политички затвореници, од кои многумина беа уапсени по задушувањето на протестите во 2020 година, кои избувнаа откако Александар Лукашенко го објави својот реизбор за претседател.
Западот и белоруската опозиција изјавија дека резултатите од тие избори се лажни.
Биалатски ја доби Нобеловата награда за мир минатата година и е четвртиот човек во 121-годишната историја на Нобеловите награди што ја добил наградата додека бил во затвор или притвор, потсетува АП.