ДОБРА ВЕСТ ОД ИТАЛИЈА: КОРОНАВИРУСОТ МОЖЕ ДА СЕ ИЗЛЕЧИ СО КРВ НА ВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ПАЦИЕНТИ
Добра вест од Италија! Во една последна студија која што е направена во Павиа, се открива дека луѓето можат да се излечат со крвта од оние кои што веќе оздравеле од коронавирусот, јавуваат локалните медиуми.
Неколку пациенти веќе примаат плазма од оздравени пациенти од коронавирусот, кои што отпосле развиле антитела. Така што во Поликлиниката во Павиа на сила влезе терапијата со плазма.
