Добре Митрев со пример за дискриминација на македонски Бугари: Девојче на 18 години што сака да се запише на Полициската академија е одбиено затоа што нејзиниот татко се декларира како македонски Бугарин

//

„ Дискриминацијата кон македонските Бугари е секојдневна. Јас можам да кажам од аспект на луѓе што мене ме познаваат повеќе од 20-30 години, како Добре Митрев и немаат никаков проблем во комуникацијата со мене, се додека јас не сум Добре Митрев-Бугарин од Македонија, тогаш веќе настанува проблемот“, изјави Добре Митрев, претседател на здружението „Македонско -Бугарско пријателство“ во вечерашната емисија „360 степени“ на телевизијата Алсат.

Митрев додава дека има многу лични примери за дискриминација на луѓе кои себе си се самоопределуваат како Бугари од Македонија. Како пример за тоа, Митрев наведе случај во Кавадарци, каде што ќерка на македонски Бугарин не е примена во полициска академија затоа што не ги исполнувала безбедносните критериуми.

„Девојче на 18-19 години, треба да се запише на полициска академија, добива известување дека не ги исполнува безбедносните услови за прием во тоа училиште. Зошто? Затоа што нејзиниот татко отворено се декларира како Бугарин“, вели Митрев.

Тоа според Добре Митрев е најнов пример за дискриминација.



Претходна статија

Трендафилов: Внесување на македонските Бугари во Уставот најбрз пат да се демантира стигматизација кон нив

Следна статија

Митрев: На кого во Македонија би му сметало Бугарите да стојат во Уставот на Република Македонија?

Најново од Вести