|

Додик повеќе не е претседател на Република Српска

Апелациониот суд на Босна и Херцеговина ја одби жалбата на Милорад Додик против одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК), со која му беше одземен претседателскиот мандат. Со ова, Додик официјално повеќе не ја извршува функцијата претседател на Република Српска, јавуваат босанските медиуми.

ЦИК е задолжена да распише предвремени избори за нов шеф на ентитетот, а политичката сцена во Бања Лука веќе е во силна динамика. Дополнителна турбуленција предизвика и оставката на премиерот на РС, Радован Вишковиќ, кој се повлече од функцијата непосредно по пресудата.

Само неколку часа пред судското решение, Додик најави дека во септември ќе организира референдум, на кој граѓаните ќе бидат прашани дали се согласуваат со неговата пресуда.



Слични Објави